ГРЧКИТЕ ЦАРИНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК - еве од колку ќе почнат со блокада на работата
Сите кои планираат да патуваат утре кон соседна Грција мора да имаат предвид дека во утринските часови ќе имаа штрајк на грчките царински служби.
Како што објавуваат грчките медиуми, Федерацијата на грчките царински службеници (ОТИЕ) најави штрај, поради што ќе има четиричасовен прекин на работа во понеделник, 27 јули, од 7:30 до 11:30 часот по грчко време, поради прекувремени часови кои не се исплатени веќе четири месеци. Штрајкот е на национално ниво и ги опфаќа сите гранични премини, аеродроми и пристаништа низ Грција.
- ОТИЕ одлучи да организира четиричасовен предупредувачки штрајк на почетокот на утринската смена. Синдикатот бара исплата на надоместоците за ноќна работа, недели и празници кои, според нивното соопштение, се чекаат со месеци и покрај ветувањата дека проблемот ќе биде решен. Царинските службеници продолжуваат да работат без загарантирана исплата за тековниот период - се посочува во објавата на ОТИЕ.
Застоите ќе ги опфатат и трите гранични премини со нашата земја, односно Македонија – Богородица (Евзони), Дојран и Меџитлија (Ники), и тоа од 6:30 до 10:30 по македонско време. Патниците кои во понеделник наутро планираат да ги минат овие премини треба да сметаат на можни задржувања, особено бидејќи периодот се совпаѓа со шпицот на летната туристичка сезона.
Штрајкот не е ограничен на едно подрачје. Потврдено е дека влијае и на граничните премини со Турција во регионот Евро, Кипи и Кастаније, каде веќе се очекуваат зголемени задржувања поради летниот сообраќај. ОТИЕ соопшти дека мерката ги опфаќа сите царински служби во земјата.
За настанот известија и од Царинската управа на Македонија од каде истакнаа дека во понеделник е најавен штрајк на грчките царински службеници.
