Грчкиот предлог за името е на македонски, без превод и еден збор
Атина претпочита новото име на Македонија да биде на македонски јазик, непреведено и напишано слеано во еден збор, пишива „Та неа“.
Шефот на грчката дипломатија Николас Коѕијас минатиот вторник му го доставил документот, на 20 страни, на грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ципрас го добил документот пред патувањето за Брисел, за да може главните точки да им ги претстави и на Ангела Меркел и на Жан Клод Јункер, шефот на ЕК.
Во грчкиот предлог се содржани четири од петте имиња од почетниот пакет идеи на Нимиц, бидејќи предлогот „Република Македонија – Скопје“ веќе бил отфрлен уште на средбата на Ципрас и Зоран Заев во Давос.
– Се чини дека Атина претпочита новото и постојано име да е напишано на словенски, да биде непреведено, но и еден збор (на пр. Горнамакедонија или Новамакедонија). Клучно за Атина е прашањето за промената на Уставот на Скопје - пишува „Та неа“.
Грција сака и правни гаранции дека некоја идна влада во Скопје нема да се стреми кон промена на Уставот, но и предлага, ратификацијата на договорот во грчкиот парламент да биде по референдумот кај нас.
