Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчки политичар бара да славиме за промена на името со Бугарија и Албанија

Грчки политичар бара да славиме за промена на името со Бугарија и Албанија

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос предлага за Договорот од Преспа да се слави заедно со соседите. 

Тој бара, потврдувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција заедно да се прослави со Албанија и Бугарија. Тој ова го изјави на министерскиот состанок во Солун каде учествуваат четирите земји. 

„Му предлагам на Никола Димитров, штом ќе заврши нашиот заеднички напор за ратификација на Договорот од Преспа, штом го прославиме овој храбар обид на Никос Коѕијас и на двајцата премиери,  да можеме да соопштиме нешто конкретно во рамките на квадрилатералната соработка. Еден празничен настан, освен политичката порака што ќе ја испратат нашите лидери. Да ја претставиме нашата работа на ниво на економска соработка“, вели тој. 

Според Катругалос, нема постои сомнеж дека Договорот од Преспа ќе се ратификува и во грчкиот Парламент. Тоа е договор како и сите договори меѓу државите, кои не се склучени по војна и нема еден поразен и еден победен, објаснува Катругалос.

Македонскиот министер за надворешни работи,  Никола Димитров, потенцираше дека Република Македонија е определена за градење добрососедска политика.

„Ако можеме да ги усогласиме нашите интереси, тоа ќе ни помогне нас, но ќе ѝ помогне и на Европа“, изјави Димитров на четвриот министерски состанок што се одржува во Солун.

Катругалос, во поздравното обраќање утрово, зборуваше и за европската перспектива на Македонија и Албанија, потенцирајќи дека Грција и понатаму останува силно посветена на проширувањето на ЕУ, бидејќи смета дека тоа е од „взаемна корист и за Европа и за Грција, но и за сите земји од регионот“. Тој ден пред состанокот изјави дека Балканот наместо буре барут, треба да биде регион кој праќа позитивни пораки. 

На состанокот во Солун, учествуваат и министрите за економија на Грција, Албанија, Македонија и Бугарија. Преспанскиот Договор е потпишан на 17 јуни годинава. Во Македонија се работи на уставни измени со цел промена на името на државата. Овој Договор треба да стави крај на долгогодишниот спор меѓу двете земји.

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести