Грчки погон за ПВЦ врати и прозорци ќе се отвора во „Жабени“
Во индустриската зона „Жабени“ близу Битола денеска беа поставени темелите за новата грчка фабрика на компанијата Виндор.
Според менаџерот на Виндор, инаку од Лерин, Костас Мицопулос објектот ќе има површина од 340 квадратни метри, а конечната форма ќе биде поставена на 2.500 метри квадратни.
Најави дека во првата фаза ќе бидат вработени 20 лица, но појасни и дека збојката ќе расте зависно од потребите на компанијата.
Прозорците и вратите од грчки Виндор ќе сее продаваат во Македонија, а извоз ќе има и во Грција.
Ккако што појаснуваат од компанијата , семејниот бизнис на Мицопулос влече корени од 1974 година, а ова е нивна прва инвестиција во Македонија.
Слично
