Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчки митрополити се против Договорот од Преспа, не се базирал на вистината

Грчки митрополити се против Договорот од Преспа, не се базирал на вистината

Против Договорот од Преспа се 22-ца Митрополити од Северна Грција. 

Тие изразија несогласување со овој Договор кој го решава спорот за името. Во писмо напишано на шест страници и испратено до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, до грчкиот државен Врв и Архиепископот Иеронимос изразија жалење затоа што не биле послушани нивните ставови, загриженоста и размислувањата за договорот.

Според нив, ратификација на Договорот од Преспа од парламентот на Грција, како и признавање на Автокефална црква на Македонија, не само  што нема да бидат основа за мирен соживот на грчкиот народ и народот на соседната земја, туку ќе бидат постојано жариште за негување на иредентизам и непријателство. 

Велат дека ниту еден договор не може да просперира ако не се базира на вистината. 

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос во честитката упатена за Новогодишните и Божиќните празници ги повтори неговите ставови дека нема да прифати своеволни толкувања на Преспанскиот договор.

Слично

Поврзани вести