Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЧКИ МЕДИУМИ ПИШУВААТ: Блокадата од ЕУ ќе блокира и делови од Договорот од Преспа?

ГРЧКИ МЕДИУМИ ПИШУВААТ: Блокадата од ЕУ ќе блокира и делови од Договорот од Преспа?

Одлуката да не се започнат преговори за пристапување во Европската унија може да го доведе во опасност спроведувањето на Преспанскиот договор затоа што, како што рекол премиерот Зоран Заев, двата процеси се меѓусебно поврзани, објави грчки Катимерини. 

Тој говорејќи за грчкото издание на „Еуронјус“ во Скопје, кажал дека одредени фундаментални написи од договорот потпишан со Грција во летото 2018 година, се поврзани со напредокот во  пристапувањето на неговата земја кон ЕУ.

„Одредени поглавја ќе бидат замрзнати затоа што тие не можат да се спроведат. Ние ќе се обидеме да ги спроведеме, но тие се поврзани едно со друго“, изјавил Заев. 

Тој објаснил дека спорните поглавја главно се однесуваат на домашната употреба на новото име на земјата.

Министерот за надворешни работи,  Никола Димитров денеска на собраниската Комисија за надворешни работи потврди дека Преспанскиот договор со Грција не може да се имплементира во целост, додека Македонија не ги отпочне преговорите со ЕУ, алудирајќи на одредбите за практикувањето на името во внатрешната употреба.

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, изјави дека Европската унија е уверена дека Скопје и Атина ќе продолжат да го почитуваат Договорот од Преспа и покрај тоа што го одложуваат почетокот на разговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија, пренесе српски Танјуг.

Слично

Поврзани вести