Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчки медиуми: На маса три имиња за Скопје

Грчки медиуми: На маса три имиња за Скопје

„Северна Македонија“, „Горна Македонија„ и „Нова Македонија“ (на македонски без превод) се трите имиња според грчкиот весник „Real news“, што ќе се најдат на маса на средбата на Метју Нимиц со преговарачите на двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Во текстот со наслов „На маса три имиња за Скопје“, како што јавува дописникот на МИА од Атина, новинарот, во неговиот текст за неделното издание на весникот, вели дека на 19 јануари специјалниот претставник на ОН, на двете страни ќе им претстави три имиња.

– Според информациите, на маса се наоѓаат имињата „Северна Македонија“, „Горна Македонија“ и „Нова Македонија“ (без превод), иако не е исклучено Метју Нимиц во последен момент да смисли едно ново сложено име. Овие имиња, се чини дека ги одбра специјалниот медијаторот на ОН, помеѓу другите имиња што биле ставени на маса, како што се „Вардарска Македонија“, „Славомакедонија“, предлог што се чини дека не го прифаќаат Албанците од Скопје, пишува новинарот во неговата анализа, пренесува МИА.

Во однос на мини министерскиот совет во премиерската палата одржан во четвртокот, весникот пишува дека Ципрас ставил до знаење дека преговорите имаат „рок на траење“ и ако нема перспектива за решение, тогаш март ќе биде месецот кога ќе треба да се забрзаат разговорите. Додека, пак Коѕијас ги известил учесниците на состанокот за позициите со кои Грција доаѓа на преговарачката маса, а Каменос рекол дека тој нема да биде причина да падне владата.

Слично

Поврзани вести