Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчки медиуми: Мицкоски како премиер ќе даде заклетва со уставното име

Грчки медиуми: Мицкоски како премиер ќе даде заклетва со уставното име

Грчките медиуми вчерашното интервју на мандатарот Христијан Мицкоски за „Сител“ во кое „рече дека на инаугурацијата на неговата влада, за време на викендот ќе го користи уставното име на државата“ го протолкуваа дека свечената заклетва како премиер ќе ја даде со користење на сутавното име на земјата.

„Истото име ќе го користи и во контактите во странство со странските лидери, како што рече. Но, во внатрешноста на земјата, како во јавните настапи, така и во изјавите ќе го користи името „Македонија“, бидејќи, како што самиот рече, името на неговата земја и татковина е „Македонија“, пишува грчката државна агенција.

Медиумите во Грција, како што е пракса во изминатиот период, акцентот го ставаат на (не)употребата на уставното име, па така, овој пат текстовите во онлајн изданијата се под насловите: „Северна Македонија: Христијан Мицкоски инсистира на терминот „Македонија“ – за викендот нова Влада“; „Само во контактите со странските лидери, Мицкоски ќе го користи Северна Македонија“; „Мицкоски: Усно „Македонија“, писмено Северна Македонија“; „Мицкоски: Во странство ќе го користам уставното име, дома само „Македонија“; „Скопје: Мицкоски ја продолжува играта околу името на земјата“.


Слично

Поврзани вести