Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

Грчките медиуми му забележуваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека и тој го користи оспореното име на државата исто како и претседателката Гордана Силјановска Давкова. 

„Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на претседателката во однос на Договорот од Преспа. Првиот човек на ВМРО со жесток националистички говор, ќе ги користел термините „Македонија“ и придавката „македонски“ – пишуваат грчките медиуми откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека никој нема да му забрани да ја нарекува државата Македонија бидејќи тоа било негово човеково право.

Мицкоски во денешната изјава посочи дека не се прекршувал Догворот од Нивици со користењето на старото име на државата.

Се потсетува дека пред неколку дена, и покрај меѓународните реакции, новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силијановска, преку нејзината прес-служба инсистираше дека има „право да го користи името Македонија.

Грција се заканува дека Македонија ќе има последици ако не го почитува Договорот од Преспа. 

Слично

Поврзани вести