Грчки медиуми: До кога Заев во јавноста ќе го користи само „Македонија“?
Иако Преспанскиот договор се ратификуваше во петокот во грчкиот парамент, премиерот Зоран Заев се уште не сака во знак на добра волја да го користи новото име и во комуникацијата со јавноста се уште го користи само терминот „Македонија“, објави грчката телевиија „Скај“.
Според телевиијата Заев во македонската јавност се уште се користи без атрибутот „Северна“ и веќе во неговиот втор твот по ред го користи старото уставно име.

- Тој инсистира на употребата на името "Македонија", без да наведе "Северна",. Во своето објавување на твитер-порака за Светскиот ден на сеќавање на Холокаустот, г-дин Заев му оддаде почит на "7.200 Евреи од Македонија" кои станаа жртви на нацизмот. Вчера, во друг твит, тој рече дека "Македонија е дел од демократскиот свет"., објавија од телевиијата.
Телевиијата забележува дека македонскиот премиер ќе мора да го користи новиот термин во секојдневната јавна употреба откако грчкиот парламент ќе го одобри протоколот за прием на земјата во НАТО, штој се очекува да се случи во наредните денови.
