Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЧКАТА АВИОКОМПАНИЈА ГИ ПРЕКИНА ЛЕТОВИТЕ И ЗА МАКЕДОНИЈА - не се знае кога ќе бидат продолжени

ГРЧКАТА АВИОКОМПАНИЈА ГИ ПРЕКИНА ЛЕТОВИТЕ И ЗА МАКЕДОНИЈА - не се знае кога ќе бидат продолжени

Грчката авиокомпанија Ејџиан Ерлајнс ги прекинува летовите за Македонија, Хрватска и Црна Гора. 

Нема информација дали се планира нивно продолжување следната година, со оглед дека е прекината продажбата на билети за трите земји.

Одлуката на Ејџиан Ерлајнс, како што пишува „Екс-Ју Авиешн“, се однесува на летовите од Атина за Загреб, Дубровник, Скопје и Подгорица.

Од оваа авиокомпанија стугнуваат најави дека летовите за Белград кои беше планирано да продолжат во јуни, веројатно ќе продолжат во септември. 

Но, нема планови за продолжување на летовите од Македонија и од Црна Гора за Грција. 

Летовите на линијата Атина-Скопје и обратно, по пауза од над десет години, беа обновени на 1 ноември 2018 година.

Слично

Поврзани вести