Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грбчевски: Пушењето ќе биде забрането и пред детските игралишта за да не гледаат децата

Грбчевски: Пушењето ќе биде забрането и пред детските игралишта за да не гледаат децата

Никола Грбчевски од Министерството за здравство кој гостуваше во емисијата Бизнис21 на ТВ21.рече дека со Законот за пушење нема да може да се пуши ниту во близина на детските игралишта, покрај тоа што ќе биде забрането и пред училиштата и градинките.

„Забрането ќе биде пушење на класични цигари, електронски цигари, и уреди за загреан тутун во сите јавни и затворени простории. Исто така согласно европските стандарди, веќе забраните се изнесуваат и надвор на отворен простор, односно ограничено пушењето на отворен простор. Нема да смее да се пуши ниту во приватен автомобил доколку во него има дете. Пред влезовите на училиштата и градинките исто така нема да смее да се пуши, туку ќе мора да има одредена дистанца, а колкава ќе биде таа, оставаме на совеста на граѓаните. На игралиштата каде што играат деца ќе биде забрането, за децата да не бидат изложени, односно да не гледаат како се пуши“, изјави Грбчевски.

Рече дека законот ќе се имплементира во фази, односно дека нема да има веднаш казнување, туку прво опомени. Законот треба да стапи на сила на 1. март 2026 година.

„Во дијалог со јавноста и бизнис заедницата ќе одиме со мека примена на закнот ке ќе значи на почеток опомени, едукација, рамо до рамо работа во правец на исполнување на услоивите создавање на јавни простори без чад. Дали законот ќе биде донесен до 1. март, зависи од многу фактори. Паралелно на тоа водиме дискусија институционална каде добиваме фитбек од сите кои се засегната во имплементацијата. Понатаму ставот на министерството е дека законот треба да биде донесен што е можно поскоро, но имплементацијата би одела фазно – односо прво би се изрекувале опомени, па потоа казни. Се соочуваме со голем проблем, речиси пола држава пуши, има фрапантен тренд кај младите за пушење, и тоа сакаме да го спречиме“, изјави Грбчевски.


Слично

Поврзани вести