Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гратис патарина за Србите кон Грција, но не и кон Охрид

Гратис патарина за Србите кон Грција, но не и кон Охрид

Гратис патарина ќе има за Србите кон Грција, но не и кон Охрид. 

Владата ќе додели  200.000 електоронски картички со по 760 денари и ова ќе ја чини државата  2,8 милиони евра. Картичките ќе се делат на Табановце и ќе може да се искористат во периодот од 15 јуни до 15ти август.

Српските државјани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини низ државата, но само за oдење и враќање од Грција. Бесплатните патарини ќе важат само за Коридор 10 кој води кон граничниот премин Богородица, но нема да важат за патување кон Охрид затоа тоа што на овој патен правец нема електронска наплата.  Оваа одлука е донесена за да се оддолжиме на Србија за донираните вакцини. Српските гости се едни од најбројните во земјава. 

Слично

Поврзани вести