Економија, финансии, бизнис

Контакт

Grant Thornton International го назначи Славчо Филипчев во Одборот на Директори

Grant Thornton International го назначи Славчо Филипчев во Одборот на Директори

Grant Thornton International со гордост го објавува назначувањето на Славчо Филипчев, Главен Извршен Директор на Grant Thornton во Северна Македонија, во глобалниот Одбор на Директори.

Со почеток од Јануари 2024 година, овој значаен момент го нагласува исклучителното лидерство и достигнувања на Филипчев, препознавајќи ја неговата способност да придонесе кон глобалната стратегија на Grant Thornton International.

Под негово водство, Grant Thornton во регионот доживеа голем раст, ја зацврсти својата репутација и постави високи стандарди за иновација. Ова достигнување не е само лично, туку е и награда за посветеноста и стручноста на целиот тим на Grant Thornton во Северна Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора.

„Ова е голема чест и благодарен сум на Grant Thornton International што ја препозна напорната работа и посветеноста на нашите вработени. Да се биде еден од ретките Македонци кои имаат ваква престижна позиција во светот на бизнисот е привилегија, и ќе се потрудам да придонесам за нашата глобална стратегија, користејќи го искутвото од нашите заеднички успеси и иновативни пристапи во регионот. Им благодарам на колегите, како и на моето семејството за целата поддршка што ми ја дава низ годините“. – сподели Славчо Филипчев, Главен Извршен Директор на Grant Thornton, Северна Македонија. Член на Одборот на Директори на Grant Thornton International.

Grant Thornton International е глобална мрежа на независни фирми-членки кои обезбедуваат ревизорски, даночни и консултантски услуги. Со 73.000 вработени на 149 пазари и глобални приходи од $7.5 милијарди, таа е меѓу најголемите организации во светот.

ПР објава

Слично

Поврзани вести