Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гранит со намалена добивка за 13%

Гранит со намалена добивка за 13%
Градежната компанија Гранит, во првата половина од годинава, остварила нето добивка од 2,4 милиони евра. Споредeно со истиот период од минатата година, кога нето добивката на Гранит изнесувала 2,8 милиони евра, годинава е помала за 13%. Вкупните приходи на градежната компанија годинава изнесуваат 40 милиони евра, додека вкупните расходи се околу 38 милиони евра. Според финансискиот извештај на компанијата, објавен на македонската берза, приходите од продажба на домашниот пазар се намалени за 4% во однос на претходната година, но целосно се загубени приходите од продажба на странскиот пазар. Односно, лани во првата половина од годината Гранит имал 2,1 милион евра приходи од странските пазари, додека годинава салдото на компанијата во првите шест месеци е еднакво на нула по овој основ. Според финансискиот извештај, градежната компанија ги намалила и расходите за 2%.
Слично

Поврзани вести