Гранит со добивка од 5,8 милиони евра
Градежната компанија Гранит минатата година заработила 5,8 милиони евра нето добивка по оданочување.
Во финансискиот извештај на Гранит, објавен на берзата се гледа дека има раст на приходите за 10% и раст на расходите за 12%. Односно, лани приходите на оваа компанија биле 103,8 милиони евра, а расходите на компанијата и 97,3 милиони евра. При што на крајот од годината добивката
Гранит има раст на приходите на домашен пазар за 9%, при што тие изнсуваат 93,6 милиони евра, а додека незначителен е растот на приходите на странските пазари, кои лани изнесувале 2,3 милиони евра.
Во билансот на состојба се гледа дека лани компанијата имала раст на обврските спрема добавувачите за 33% во однос на 2012 година. Односно обврските спрема добавувачите и останати обврски изнесуваат 81,8 милиони евра (5.034.303.000 денари).
Побарувањата од купувачите што ги има компанијата, лани во однос на 2012 година се зголемиле за 24%, односно изнесуваат 82,2 милиони евра (5.055.448.000 денари).
Гранит има огормен скок и во делот на обврски за краткорочни кредити. Односно лани тие изнесувале 3 милиони евра, а во 2012 година биле 902 илјади евра.
А додека пак во делот на долгорочни кредити има намалување, односно лани изнесувале 1,7 милиони евра додека во 2012 година биле 9,8 милиони евра.
Слично
