Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гранит се става во погон, за 700 илјади евра ќе асфалтира патишта во Струмица

Гранит се става во погон, за 700 илјади евра ќе асфалтира патишта во Струмица
Градежната компанија Гранит ќе гради и асфалтира улици и локални патишта во Струмица. Договорот со општината е веќе склучен и вреди 700 илјади евра, објави Бирото за јавни набавки. Договорот е со времетраење од една година, а критериум за добивање на јавната набавка била најниска понудена цена. Во следниот период градежната оператива на Гранит ќе биде максимално ангажирана бидејќи пред само два месеци компанијата склучи договори и со Министерството за транспорт и врски и со Агенцијата за државни патишта за изградба на патот од Прилеп до манастирскиот комплекс Трескавец и за доизградба на регионалниот пат од Конско до ски – центарот Кожуф.
Слично

Поврзани вести