Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Гранит“ работи на три големи проекти

„Гранит“ работи на три големи проекти
Градежната компанија „Гранит“ ја извести Македонска берза дека склучила три големи договори за изведба на градежни работи, од кои два дома и еден во странство: 1. ГД Гранит АД и Интеграл Инженеринг од Република Српска потпишаа нов договор со Јавното претпријатие Автопатишта на Република Српска. Предмет на договорот е Изградба на автопат Бања Лука - Добој делница Бања Лука - Прњавор. Нето вредноста на договорот изнесува 158.000.000 ЕУР со рок на изведување 3 години. Во вкупната вредност ГД Гранит АД учествува 40% со вредност од 63.200.000 ЕУР. 2. Во земјата ГД Гранит АД потпиша два нови договори за работа како подизведувач на Sinohydro Corporation Limited : - Проект Миладиновци - Свети Николе - Штип со нето вредност од 32.553.493 ЕУР и рок на изведување 2 години - Проект автопат Кичево - Охрид со нето вредност од 99.668.949 ЕУР и рок на изведување 38 месеци.  
Слично

Поврзани вести