Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: Дали почнаа гужвите?

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: Дали почнаа гужвите?

Сообраќајот во државата се одвива тековно, без застои и задржувања на граничните премини. 

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Вообичаено во екот на летните одмори, има застои на граница поради српските туристи кои транзираат низ Македонија. 

Слично

Поврзани вести