Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граничната полиција нема да одговара за бегството на Груевски

Граничната полиција нема да одговара за бегството на Груевски

Нема да се бара одговорност за Граничната полиција на Македонија во врска со бегството на Никола Груевски, по заклучокот од првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, дека поранешниот премиер не поминал преку официјален граничен премин во Албанија, објави СДК.

Засега не е познато преку кој нелегален премин наводно избегал, но при тоа нема отстапки од страна на службеници од гранична полиција на "Ќафасан", "Свети Наум", "Стење“, “Џепчиште" и „Блато“.

Од обвинителство за организиран криминал и корупција е потврдено само преминувањето на Груевски со дипломатско возило во Црна Гора и Србија, и од таму во Унгарија.

Во врска со тоа како Груевски влегол во Унгарија со лична карта (бидејќи пасошот му го одзеде Основниот суд Скопје 1), тоа е прашање на оваа држава-членка на ЕУ. 


Слично

Поврзани вести