Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ НАДМИНАА 7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – но должат 4,6 милијарди, исто толку и компаниите

ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ НАДМИНАА 7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – но должат 4,6 милијарди, исто толку и компаниите

Заштедите на македонските граѓани од месец во месец се поголеми. Најновите податоци на Народната банка на Македонија покажуваат дека вкупно во банките граѓаните депонирале над 7,3 милијарди евра, а растот на годишно ниво кај депозитите е 9,3 проценти.

Бројките кои ги објави НБРСМ покажуваат дека вкупните депозити, односно парите кои граѓаните и компаниите ги чуваат во банките достигнува до 10,6 милијарди евра.

Ова значи дека компаниите во банките чуваат многу помалку пари отколку граѓаните. Грубо нивните заштеди достигнуваат над 3 милијарди евра.

Народна банка објави дека во април е регистиран годишен раст на вкупните депозити од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка.

- Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3 отсто, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“ - се наведува во објавата на Народна Банка.

Инаку податоците на НБРСМ откриваат и дека е изедначен долгот однсоно  кредитите кои ги имаат подигнато граѓаните и компаниите. Заедно во банките должат вкупно  9,35 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,655 милијарди евра, а компаниите е 4,659 милијарди евра.

- Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачкитеистанбенитекредити, воаприлбележатмесечнозголемувањеод 1,2% и 1,3%, соодветно, пригодишенрастод 11,2% и 16,2% - се посочува во објавата на НБРСМ.

Од друга страна, овојмесец, автомобилскитекредитиостваријарастод 1,1 отстои 4,9 процентинамесечнаинагодишнаоснова.  Додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечно и годишно намалување од 0,5% и 4,6%. Негативните салда на тековните сметки бележат месечно намалување од 6,3% во април, во услови на годишен раст од 3,7%.

Во април, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,4% и 11,2% на месечна и на годишна основа, соодветно.

Инаку податоците откриваат дека за потрошувачки кредити граѓаните должат 2,3 милијарди евра, додека за станбени кредити 1,8 милијарди евра.

П.О.

Слично

Поврзани вести