Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНСКИТЕ ОБВРЗНИЦИ НЕМА ДА СЕ ИЗДАВААТ: министерката за финансии вели треба да се врати довербата

ГРАЃАНСКИТЕ ОБВРЗНИЦИ НЕМА ДА СЕ ИЗДАВААТ: министерката за финансии вели треба да се врати довербата

Граѓанските обврзници кои ги воведе претходната влада се укинуваат. Однсоно во следнот период нема да се издаваат, се додека „не се врати довербата во системот“. 

Ова го објави новата министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во телевизиско гостување.

Граѓанските обврзници, како државни хартии од вредност наменети за граѓаните, таа рече дека нема да продолжат да се издаваат се додека не се врати довербата во системот.

- И пред да станам министер велев дека за да имате интерес за купување граѓански обврзници треба да имате доверба во институцијата. Ние треба со дела да покажеме  дека навистина тоа што го ветивме го остваруваме. Кога ќе го промениме системот и кога ќе ја вратиме комплетно довербата на граѓаните во државата тогаш може да зборуваме за граѓанска обврзница, во овој момент не може да зборуваме за граѓански обврзници“, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа се осврна и на мерката МојДДВ, и најави промени кои се однесуваат само на системскиот дел во рамки на Управата за јавни приходи. 

- Мерката МојДДВ останува со истата сума за поврат кон граѓаните. Ќе се направат одредени корекции, што не се поврзани директно со граѓаните, туку системски во рамки на Управата за јавни приходи. Многу често од граѓаните добивавме информација дека скенирале фискални сметки кои УЈП им ги одбивала како да не се оригинални, било пријавувавано до УЈП и не се преземало ништо - рече министерката за финансии.

Фото: Министерство за финансии

Слично

Поврзани вести