Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓански организации се сомневаат дека Владата брза да му ги скрати крилјата на СЈО

Граѓански организации се сомневаат дека Владата брза да му ги скрати крилјата на СЈО

Граѓански организации побараа Владата да го повлече Предлог-законот за Јавното обвинителство и да го врати во Министерството, кое во партиципативен и транспарентен процес ќе го доработи.

Предлагачи на Блупринт документот, кои го следат спроведувањето на правосудните реформи, побараа Владата да го повлече Предлог-законот и да го врати на доработка, пред сè, токму поради одредбите за натамошниот статус и работа на СЈО.

Во заедничкото соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата „Сите за правично судење“, Институтот за човекови права, Македонското здружение на млади правници, Центарот за правни истражувања и анализи, Институтот за европска политика и Фондацијата Отворено општество – Македонија, се вели дека со предложените измени и дополнувања се уредува натамошното постоење, функционирање и надлежност на СЈО, без анализа на „значајните проблеми поврзани со неговото работење, познати речиси од самиот почеток на работата“, и без разгледување на препораките на експертите и на граѓанските организации. 

Според потписниците, нетранспарентноста на процесот, „директно влијае на создавање недоверба во натамошното функционирање на СЈО“.

Граѓанските организации го критикуваат донесувањето на законот во скратена постапка и исклучувањето на можноста за партиципативност на заинтересираните страни, а забелешка им е и „ограничувањето на можноста т.н. ‘бомби’, аудио материјалите да се користат како доказ“, што според нив, го наметнува прашањето и за суштината на постоењето на СЈО.


Слично

Поврзани вести