Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓански марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“

Граѓански марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“

Во чест на 11 октомври - Денот на народното востание и антифашистичката борба утре ќе се организира најавениот голем граѓански марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“.

Маршот започнува пред просториите на Специјалното јавно обвинителство на крстосница меѓу булеварите Партизански одреди и Франклин Рузвелт со почеток во 14 часот.

„Ќе маршираме од СЈО, по Партизанска, преку „Рекорд“ до Собранието на Македонија“ - велат организаторите.

Пред присутните граѓани, пред Парламентот, ќе се обратат претставници од Сојузот на борци, граѓански активисти и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. 

Слично

Поврзани вести