Граѓаните збунети, пратениците не сакаат да ја изгласаат државната помош
Додека граѓаните гледаат збунето и не им е јасно во што е проблемот, денеска во Собранието беше откажана пленарната седница на која требаше да бидат изгласани законите од петтиот пакет за економска помош за физичките лица и за работодавачите заради справување со кризата предизвикана од пандемијата.
Тенкото владеачко мнозинство го нема потребниот кворум и им недостасува еден пратеник кој е болен од Ковид-19. Кај опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ бара законите за државна помош да се стават на посебна седница за, како што велат од таму, за да не прават кворум за „другите штетни закони“, додека коалицијата Алијанса/Алтернатива останува на уцената дека ќе даде поддршка но само ако се изгласа законот со кој ќе може да се стекнува државјанство со тројца сцедоци. Од Левица, која има двајца пратреници, засега не се изјаснуваат децидно.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, и денеска повтори дека најголемата опозициска партија ќе овозможи кворум, но само ако на седницата станува збор за анти-кризните закони.
