Граѓаните заглавени низ Центар-името се брани во 8 сабајле
Автобусите на ЈСП утринава мораа да го заобиколат Центар по пренасочувањето од надлежните.
Причината е протест на пет луѓе кои во 8 часот сабајле решиле да ја блокираат улицата пред Собрание принудувајќи ги МВР да затворат уште три главни раскрсници.
Револтирани граѓани останаа заглавени и доцнеа на работа притоа беа принудени да се симнат од автобуси кои сообраќаа по пренасочен режим.
Веќе неколку недели секојдневно се блокираат улиците во главниот град од 16 часот кога речиси сите се враќаат од работа.
Се апелира протестите да бидат во период кога сообраќајот во градот не е во фрекфентен период.
„Ова веќе ги помина сите граници. Секојдневно кога се враќаме од работа пешачиме од центарот па до Веро Џабмо за да фатиме автобус за да стигнеме дома. Секој има право на протест но да се кочат граѓаните кога одат на работа воопшто не е коректно. Ние не сме виновни за ова што се случува во државата. Не може поради пет луѓе да се мачат илјадници кои одат чесно да си го заработат лебот“, гласеше еден од коментарите на револтирана граѓанка.
ФОТО: ФАКТОР
