„Граѓаните во Трубарево да носат маски, да не престојуваат на отворено и да земаат антиоксиданси“: Филипче со препораки по големиот пожар
Институциите итно мора да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево. Страшен е молкот и доцнењето во препораките, особено од здравствените власти.
Ова го посочи денеска лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој воедно даде препораки до жителите на околните населени места, каде што изби големиот пожар, да носта маски и да не престојуваат на отворено.
- Загрижувачки се дел од информациите што пристигнуваат а тоа е дека горат литиумски батерии и друг отпад кој е исклучително опасен. Во исчекување на официјални податоци, препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски, да не престојуваат на отворено без итна потреба и да земаат антиоксиданси за превенција.
Апелирам до властите дека е крајно неодговорно да се молчи во вакви случаи. Исто така, е крајно неодговорно наместо решенија, одговорните да измислуваат приказни за хибридни напади, политички потпалени пожари и слично. Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови - напиша Филипче на Фејсбук.
Слично
