Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНИТЕ ВО ДИЛЕМА, УЈП СМИРУВА: Апликацијата МојДДВ e безбедна

ГРАЃАНИТЕ ВО ДИЛЕМА, УЈП СМИРУВА: Апликацијата МојДДВ e безбедна

По одредени реакции поврзани со наводно нарушување на безбедноста на личните податоци при инсталирање на апликацијата МојДДВ, од Управата за јавни приходи известуваат дека апликацијата е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15 % од платениот ДДВ.

Сите податоци внесени во апликацијата, како што се е-маил адреса и број на трансакциска сметка се сигурни и заштитени од било каква злоупотреба, велат од УЈП. 

„Имено, апликацијата МојДДВ граѓаните ја преземаат од Google play store, којшто е сервис на мултинационалната компанија Google којашто иа строги критериуми од безбедносен аспект како за самата компанија, така и за корисниците на сервисот. При симнување на апликацијата не се бараат никакви податоци. Единствено се бара дозвола за користење на камерата. При употреба на апликацијата е потребно да се најават на системот на УЈП и се користи постојното корисничко име и лозинка. Се користи безбеден криптиран пренос на податоците од корисничкото име и лозинката меѓу телефонот и системот на УЈП. Во системот за поврат на ДДВ не се чуваат лични податоци освен трансакциската сметка која е поврзана кон кориснички број и не може да се идентификува на кое лице припаѓа“, информираат од УЈП. 

Оттука Управата за јавни приходи ги уверува граѓаните дека нивните податоци се максимално заштитени и без да стравуваат да ја преземат апликацијата којашто е поставена и на веб страната на Управата http://www.ujp.gov.mk/

Слично

Поврзани вести