Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНИТЕ ВО БАНКИТЕ ЧУВААТ СКОРО 7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – расте и задолженоста, кредитите вкупно достигнаа 8,7 милијарди

ГРАЃАНИТЕ ВО БАНКИТЕ ЧУВААТ СКОРО 7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – расте и задолженоста, кредитите вкупно достигнаа 8,7 милијарди

Заштедите на македонските граѓани од месец во месец се поголеми. Најновите податоци на Народната банка на Македонија покажуваат дека вкупно во банките граѓаните депонирале над 6,9 милијарди евра или скоро 7 милијарди евра, а растот на годишно ниво кај депозитите на населението е високи 14 проценти.

Бројките кои ги објави НБРСМ покажуваат дека вкупните депозити, односно парите кои граѓаните и компаниите ги чуваат во банките достигнува до 10,3 милијарди евра.

Ова значи дека компаниите во банките чуваат многу помалку пари отколку граѓаните. Грубо нивните заштеди достигнуваат околу 3 милијарди евра

Народна банка објави дека во октомври е регистиран годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент.

- Порастот на вкупните депозити, пред се, се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор.

Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст соодветно од 10,2 проценти и 16,1 проценти - се посочува во соопштението на Народна банка на Македонија. 

Од таму додаваат дека кај автомобилските кредити се бележи намалување на годишно ниво од 1,9 проценти.

Пад на годишно ниво бележат и кредитите одобрени на кредитни картички.

Бројките пак откриваат дека населението за кредити должи 4,4 милијарди евра, додека пак компаниите 4,2 милијарди евра. Или вкупно граѓаните и компаниите кон банките имаат долг од 8,7 милијарди евра.

За споредба во првиот месец од годинава, или во јануари вкупната вредност на кредитите достигнуваше 8 милијарди евра. 

П.О.

Слично

Поврзани вести