Граѓаните утре на плоштадот Скендербег ќе можат да им оддадат последна почит на загинатите, поворката ќе се движи низ градот
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави дека утре во 9 часот, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигна посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во автобуската несреќа во близина на Струма, Република Бугарија.
По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.
„Во периодот од 10 до 13 часот, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во перидот меѓу 11 и 12 часот“, пишува Османи.
На самиот плоштад ќе биде поставен и видео бим, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.
Слично
