Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНИТЕ УТРЕ ЌЕ ГЛАСААТ: Kолку набљудувачи ќе со следат изборниот процес?

ГРАЃАНИТЕ УТРЕ ЌЕ ГЛАСААТ: Kолку набљудувачи ќе со следат изборниот процес?

Гласањето утре ќе започне во 7 и ќе трае до 19 часот, а локалните избори ќе бидат спроведени на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Според официјалните информации на ДИК, право на глас на претстојните локални избори имаат вкупно 1.814.644 гласачи. 

Како што соопштија од ДИК, вкупно 4.804 набљудувачи ќе го следат изборниот процес, меѓу кои ќе бидат 339 странски набљудувачи, 280 преведувачи и 3 новинари.

Освен невладината организација „Цивил“ со 191 набљудувач, на листата на домашни набљудувачи е „Мост“ со 2.727 набљудувачи, МЦКР со 6 набљудувачи и „Синергија“ со 1.727 набљудувачи. Што се однесува до странските набљудувачи, со најмногу акредитирани луѓе ќе настапи ОБСЕ/ОДИХР, со вкупно 198 набљудувачи и со 144 преведувачи. Од другите странски набљудувачи, на листата се најдоа и Канцеларијата на НАТО, Комисијата за изборни жалби и приговори од Косово, како и амбасадите на САД, Шведска, Франција, Делегацијата на ЕУ, а со свои набљудувачи ќе биде присутен и Меѓународниот студиски центар за избори. Свои новинари на денот на изборите ќе имаат Руската информативна агенција ТАСС и Агенцијата за вести Косова прес.

На еден ден пред изборите, односно денеска гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и лицата во притвор. 

Слично

Поврзани вести