ГРАЃАНИТЕ „УДРИЈА“ ЖЕСТОКО ПО АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА: „Засекогаш ќе останете запамтени по вашето оградување од Игор, срам да ви е“
-Во континуитет кревав
свест за вашата асоцијација преку социјалните мрежи, бев подготвена и да ве поддржам
на протести како обичен граѓанин, но вие со ваквите ставови само ја тргнувате јавноста
од реалните проблеми и губите поддршка, за да се улижувате на некоја докторка.
Стиснете заби сите заедно, не може да се лекува селективно. Јас поради овој
дечко Игор дознав дека има луѓе како вас со проблеми и недостиг на лекови. Подобро
би било да немавте никаков став отколку овој. Срамота. Дали се запрашавте како му
е на него???, е само еден од
стотиците коментари откако на социјалните мрежи и во медиумите, еден од болните
од цистична фиброза Игор Пехчевски, апелира лекот трикафта да се обезбеди што
побрзо за сите пациенти.
Истовремено, тој потенцира дека неговата состојба е влошена, и дека не е вклучен во терапијата ниту во оние дополнителни четворица пациенти кои го добија лекот. По неговиот статус на Фејсбук со кој го опишува однесувањето на директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Стојка Фуштиќ, од него се огради Асоцијацијата за цистична фиброза, чиј член е и тој. Но, по оваа нивна објава следеа жестоки коментари од граѓаните.
-Да има еден
нормален во главата таму, ќе ја вратите и таа терапија што ви ја дале и ќе
протестирате и блокирате се додека не се обезбеди за сите подеднаков третман. Жртва
падна заради тој лек, вие решивте да се поделите за кого требало за кого
не требало, дебили малоумни!
-Читајте ги реакциите и срамете се ако за срам знаете. Сте се намириле, ве седнаа во скут и сега се оградувате од човекот поради кој и јавноста дозна за Вас. Да не ви се налути директорица!! Ѓубриња е убав збор за Вас!
-Крајно себична реакција. Како воопшто можете да ги делите пациентите. Зарем државата успеа да ви ја затне муцката со тоа што ве излажа со терапија за само неколку пациенти? И да било недолично однесувањето на Игор, тој е еден од вас кој се бори за својот живот, а со тоа и за животите на другите пациенти...за разлика од вас.
-Штетата си ја правите сами со вакви изјави. Тоа што дел од вас го добија лекот, не значи дека треба тука да застанете и да си го дадете гзот под кирија. Борбата беше и е за сите! Не само за претседателот на асоцијацијата. Би рекла, срам да ви е. Ама знам дека сте оперирани од срам. Гниди!
-Засекогаш ќе останете запамтени по вашето оградување! Наместо да се кренете и да притискате за хуман третман и лек за сите, вие како здружение се ОГРАДУВАТЕ од пациент кој не добил соодветен третман и лек! Пу!
-Зошто така? Не се оградувајте еден од друг, оти утре тој друг може ќе си ти!
Бидете му поддршка на секој еден!
Еден за сите, сите за еден!
Во единството ви е моќта!
Игор е тој што ја дели маката со вас, не политичарите, не фукционерите!
-Непријатно сум изненадена од вас како асоцијација. Како може да се оградувате од ваш член кој што се уште нема добиено терапија?? Треба да застанете до сите членови подеднакво, оти вака искрено ќе ја изгубите поддршката на јавноста. Се борите за сите, или се борите лично?? Зошто Игор да не добие лек?? Нема право на тоа како другите што добијаа?? Жално е, што и во вакви ситуации се гледаат личните интереси, наместо колективните!!
Инаку, АЦФ оцени дека со постојаното излегување на Игор Пехчевски во медиумите и на социјалните мрежи може само да биде на штета на останатите и на тоа што досега е постигнато во однос на лекто трикафта.
- Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на АЦФ, Асоцијацијата се оградува од лично изнесениот став на пациентот поврзан со лечењето и третманот кон него.
Воедно, како Асоцијација на пациенти немавме и немаме забелешки за професионалниот пристап и третманот од страна на здравствените работници задолжени за оваа специфична здравствена состојба. Напротив, токму заради професионалниот пристап, голема е почитта кон сите нив меѓу кои и професорката Stojka Fustik, особено затоа што е достапна во секое време, без разлика дали станува збор за празник или нејзин слободен ден.
Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне, напиша АЦФ на нејзината страница на ФБ.
