ГАЛЕРИЈА: Граѓаните со протест бараат чист воздух
Протест против големото загадување на воздухот денеска се одржа во Скопје.
Голем број граѓани со велосипеди и со маски на лицето, дојдоа пред Влада. Тие бараат брзо да се реши проблемот со загадувањето. Укажаа на штетните последици од загадениот воздух. Рекоа дека нивното здравје не е играчка и дека треба да се мисли на здравјето на идните генерации.
„Не станува збор веќе за криза, за проблем, ова е сега елементарна непогода. Еквивалентно е на пожар, на поплава, исто како поплавите што ги имавме во Стајковци. Светска банка излезе со статистика дека 1 350 луѓе годишно умираат, значи 4-ца дневно гинат, а тоа се жртви на загадениот воздух“ – велат активистите.
Планираат по празниците повторно да излезат на протест. Со петиција ќе поднесат колективна тужба за надлежните кои не преземаат мерки за спречување на загадувањето на водухот.










