Граѓаните се помалку веруваат во ЕУ
Kaj нас се намалува довербата во Европската Унија. Во Македонија падна довербата во ЕУ, и тоа од над 70 отсто, сега е 53 отсто.
Ова го покажа последното истражување „Балкан барометар 2021“ На ниво на цел Западен Балкан, 63 отсто од испитаниците поддржуваат членство во ЕУ, а 8 отсто се против. Неутрален став имаат 27 отсто.
Граѓаните на Косово и Албанија се најголеми оптимисти, така што 91 отсто и 84 отсто од испитаниците кои гледаат позитивно на членството во ЕУ. Србија останува единствената земја каде што помалку од половината (42 отсто) од испитаниците поддржуваат членство во ЕУ.
Слично
