Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните сакаат да учествуваат во демократски избори на 11 декември

Граѓаните сакаат да учествуваат во демократски избори на 11 декември

Вкупно 79% од испитаните се изјасниле позитивно на прашањето: Дали мислиш дека е важно да гласаш на овие избори?

32% од нив сметаат дека со гласање ќе влијаат на својата иднина, 24% сметаат дека е важно да го искористат своето право на глас, а 23% ќе гласаат затоа што ја сакаат Македонија.

На анкетното прашање на faкtor.mk во период од 28 ноември до 30 ноември одговориле вкупно 1741 испитаници.

Меѓу оние кои одговорија на анкетата има и 11% кои сметаат дека не е важно да гласаат на овие избори затоа што не им веруваат на политичарите, а 3% се рамнодушни и незаинтересирани.

Сепак, поголем дел од граѓаните ја разбираат потребата да бидат вклучени во демократските процеси и ќе земат учество на изборите на 11 декември.

Гласањето е тајно, лично и законски загарантирано право на секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а за остварување на тоа право потребно е изборите да минат во фер и демократски дух. Сите учесници во изборниот процес  со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести