Граѓаните одлучија дека најдоброто за Куманово е Максим Димитриевски
Од вчера одржаните локалните избори 2021 година, најинтересна за анализирање е состојбата и изборните резултати во Куманово. Куманово е инаку општина позната како бастион на СДСМ, така што во изминатите години од независноста па до денес Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, убедливо победува веќе 30 години во континуитет.
Граѓаните на Куманово синоќа повторно го направија својот избор. Според нивниот избор независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски освои 15 164 гласови или 32,79% од гласовите.
Неговиот против кандидат од редовите на СДСМ Оливер Илиевски освои 15 142 гласови или 32,74%, 22 помалку гласови од Димитриевски.
Додека пак, Тони Михајловски, кој беше предложен за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ освои 8 582 гласови или 18,56%. Кандидатката за градоначалник предложена од ЛДП и ДОМ освои 1 028 гласови или 2,22% од гласовите, додека пак Беким Салиу од Алијанса за Албанците и Алтернатива освои 4 257 гласови или 9,20%.
Така, само Димитриевски и Илиевски продолжуваат да се борат за гласовите на кумановци во вториот изборен круг.
Дали овие резултати покажуваат дека така наречениот социјал-демократски бастион каде оваа партија владее веќе 30 години, Куманово, избра дека најдоброто за оваа општина е Максим Димитриевски.
Изборните резултати покажаа дека силата на Куманово е во граѓаните, кои овој пат го победија системот, со својот избор се спротивставија на сите притисоци и застанаа на патот на сите злоупотреби од поединци блиски на власта.
