Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните нема потреба да ги носат во станица потврдите за платените санкции од „Безбеден град“

Граѓаните нема потреба да ги носат во станица потврдите за платените санкции од „Безбеден град“

Граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои ги платиле во банка или електронски. Oва денеска го соопшти полицијата. 

„Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии. Граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата“ соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да не ја носат потврдата од платената санкција во полициска станица, со што ќе го заштедат своето време и ќе избегнат непотребен метеж.

Системот функционира во Скопје, Тетово и Куманово. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести