Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните не го даваат Груевски

Граѓаните не го даваат Груевски

Група граѓани му даде поддршка на екс премиерот, Никола Груевски. 

Тие синоќа се собира пред домот на поранешниот премиер, Груевски со цел како што велат да му дадат поддршка, јавува ТВ 21.

Носеа знамиња со сонцето од Кутлеш и се собраа пред домот на Груевски. 

Судските доставувачи вечерва со решението според кое жалбата на Груевски е одбиена отишле на адресата на поранешниот премиер, но не го пронашле.

Вратата ја отворила сопругата на Груевски, Боркица и ги известила доставувачите дека тој не е дома.

Штом го прими решението, тој мора веднаш да се јави во затворот во Шутка, но решението мора да го прими лично на рака.

фото ТВ 21 

Слично

Поврзани вести