Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните на Општина Аеродром ќе можат преку веб страница, телефон или електронска пошта да пријавуваат проблеми со хигиената, а пожелно е да пратат и фотографии

Граѓаните на Општина Аеродром ќе можат преку веб страница, телефон или електронска пошта да пријавуваат проблеми со хигиената, а пожелно е да пратат и фотографии

Општина Аеродром воведе нова интерактивна европска методологија за одржување на јавната хигиена во општината, брифираа на денешната средба со новинарите Александар Ѓоргиевски, раководител на Секторот за работи на градоначалникот, и Дејан Антовски, раководител на Одделението за комунални работи и заштита на животната средина.

Антовски објасни дека граѓаните преку веб-страницата www.higi-aerodrom.mk ќе можат интерактивно, да комуницираат со општината и да пријавуваат проблеми со хигиената, каде што локалните власти ќе постапуваат и ќе ги решаваат овие проблеми согласно со можностите и надлежностите на општината. „Секој жител на општината, преку оваа страница, преку телефон или преку електронска пошта, ќе може да пријави проблем со хигиената. Во најбрз можен рок како општина ќе се организираме со сите расположливи капацитети да го решиме проблемот. Во пораката очекуваме само да се објасни проблемот и доколку е можно, да се прати фотографија. По решавање на проблемот, секој граѓанин што пријавил ќе добие известување и фотографија за решениот проблем. Секако, ние секојдневно сме на терен и ги извршуваме нашите обврски за чист и зелен Аеродром.

Слично

Поврзани вести