Граѓаните на анкета одговорија кои градоначалници се најдобри во државата
Според анкета направена со граѓаните, Митко Јанчев, Арбен Таравари и Максим Димитриевски се најдобри градоначалници.
За нив се изјасниле 10,5 проценти, 7,5 проценти односно 6,8 проценти од испитаниците.
Испитаниците во анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) се поделени во довербата кон градоначалниците на општините во кои живеат.
Нешто над половината (50,6 проценти) одговориле дека имаат доверба за разлика од 47,5 проценти кои рекле дека немаат. Етничките Албанци (74,3 проценти) и припадниците на другите заедници (59,1 проценти) посочиле дека имаат поголема доверба во општинските власти. Испитаниците кои се етнички Македонци (41,3 проценти), во помал број се согласиле со тврдењето дека им веруваат на нивните градоначалници. Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“.
