„ГРАЃАНИТЕ МОРА ДА ИМААТ ПРАВО ДА ИЗБЕРАТ НЕ САМО ПАРТИЈА, ТУКУ И КАНДИДАТОТ“: Османи соопшти важна одлука на ДУИ
За следните парламентарни избори, Бујар Османи соопшти важна одлука на неговата партија- ДУИ.
Имено, тој информираше дека партијата донела одлука, за следните парламентарни избори да одат со отворени листи, односно, граѓаните да можат да изберат кандидати.
„За следните парламентарни избори, ДУИ ќе предложи отворени листи.
Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува
Ова е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот и да се обезбеди вистинско претставување во Собранието“, напиша тој.
Слично
