Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНИТЕ КОНТРА НАДЛЕЖНИТЕ ЗА ВАКЦИНИТЕ: Зошто се води битка за имунизација

ГРАЃАНИТЕ КОНТРА НАДЛЕЖНИТЕ ЗА ВАКЦИНИТЕ: Зошто се води битка за имунизација

Родителите повторно во клинч со здравствените власти. Се води борба против имунизацијата која надлежните сакаат да ја направат задолжителна.

Од друга стран пак родителите сакаат вакцините да бидат препорачливи а не задолжителни.

Токму овој проблем кој се развлекува и за коj постои големо антиглобално лоби е повод граѓански здруженија да потпишат иницијатива која поради откажата комисиска расправа не дојде до одржување.

Една од предлагачките на иницијативата вели дека тие само сакаат да имаат право како родители да одлучуваат за здравјето на своите деца.

-Што содржи вакцината, од каде доаѓа ... Ние тоа го бараме а како родители имаме право да одбираме дали и кога ќе го вакцинираме нашето дете-вели Елена Павлеска.

Министерот Венко Филипче пак уште еднаш го повтори ставот до кој држи и покрај барањата на родители.

Филипче не отстапува од тоа дека вакцината мора да биде задолжителна и кажа дека нема да дозволат ниту едно невакцинирано дете да биде запишано во школо или градинка.

Позитивно за вакцините неодамна во интервју за Фактор се изјасни и актуелната директорка на Клиниката за детски болести и имунолог Катарина Ставриќ.

Според она што таа го кажа годинава ќе бидат воведени уште две задолжителни вакцини за пнеумокок и за рота вирусна инфекција кои ќе се спроведуваат во првата година. Со тоа Македонија ќе се изедначи со вакциналните календари на европските земји.

„Со вакцинирање на децата родителите го чуваат здравјето на сопственото дете, но истовремено со тоа го чуваат и унапредуваат здравјето и на другите деца. Со тргнување во градинка и во школо, децата треба да бидат индивидуално заштитени, но истовремено треба и да се чува и здравјето на сите деца во училиштето или градинката тое е т.н колективен имунитет. Ретко постојат одредени контраиндикации за вакцинација и тоа се одредени состојби кај кои привремено не се спроведува вакцинацијата затоа што овие деца се под ризик од разболување“, додава Ставриќ која нагласува дека и тие деца имаат уставно право да посетуваат градинка и школо, но да бидат заштитени од потенцијални инфекции за кои постои превенција.

Вакцините се спас за човештвото и најголема придобивка, велат повеќето педијатри во државата. 

„Се обидувам да им одговорам на сите нивни прашања со одговори поткрепени со научни докази за да им ја објаснам важноста на вакцинацијата како една од најдобрите придобивки на човештвото. Децата се заштитуваат од болести кои се шират многу лесно и може да се предизивикаат епидемии. Тоа се особено тешки болести во доенечкиот период и не ретко може да завршат и со летален исход или да остават доживотни последици по здравјето на детето“, дополнува проф.др. Ставриќ .

Сепак има и родители кои го менуваат мислењето за вакцините по разговор со стручни лица и имунолози но драстичниот пад на опфатот со имунизација во последниве години ја вброи Македонија во групата на високоризични земји за ширење на заразни болести. Здравствените власти се загрижени дека доколку овој тренд продолжи и понатаму, може да се случи појава на епидемија на болести кои се одамна искоренети.

Слично

Поврзани вести