„ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ПЛАТАТ НАЈМАЛКУ 600.000 ЕВРА ЗА АПАНАЖА НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД МИНАТИОТ СОСТАВ“: Левица бара укинување
Откако беше објавено дека дел од пратениците кои веќе нема да бидат пратеници, односно оние на кои им заврши мандатот поднеле барање за апанажа, денеска со бурна реакција од „Левица“.
Од партијата велат дека само за досегашните пратеници кои побарале апанажа ќе бидат потрошни 600 илјади евра до државната каса, а доколку има уште пратеници кои бараат апанажа, тогаш трошокот ќе биде уште поголем. Поради високите трошоци за пратениците, тие предлагаат укинување на апанажата, како и за патните трошоци.
- Деновиве во јавноста излезе информација дека Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата, досега, на најмалку 29 пратеници од минатиот парламентарен состав им одобрила да земаат апанажа во траење од една година, која е во висина на платата на пратениците, а истата ја исплаќа Собранието.
Само досега потврдените апанажи на поранешните пратеници ќе ја чинат државната каса над 600.000 евра. Велиме ,,досега", бидејќи рокот за поднесување на барања за апанажа трае до 28 јуни, а право на апликација имаат вкупно 57 пратеници од минатиот состав.
Покрај енормно високите плати, надоместоците за патни трошоци, бифето кое служи по набавни цени и многу други привилегии, правото на апанажа претставува уште еден доказ дека пратениците се најпривилегираните работници во државава. Наспроти нив обичниот работник одвај врзува крај со крај и не му се почитуваат и оние малку права кои му се законски загарантирани - пишува во објавата на „Левица“ на Фејсбук.
Тие воедно посетуваат дека на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, единствено пратеникот на Левица, Борислав Крмов, како член на истата, гласаше против доделување на апанажите.
- Исто така, Левица уште во 2022 година поднесе Закон за укинување на апанажата за избраните и именуваните функционери како и Предлог - закон за воведување на апанажа за работниците. И двата закона беа експресно одбиени од страна на широката буржујска коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ-ВЛЕН - пишува „Левица“.
Еве ја нивната објава:
