Граѓаните исклучени од парно чекаат на Владата да не плаќаат паушали
Откако Уставниот суд одлучи да ја отфрли иницијативата од граѓаните кои бараат да не плаќаат паушали, а се исклучени од системот за топлинска енергија, последна надеж за решавање на проблемот се чека од Владата на Република Македонија која треба да интервенира со соодветено решение во новиот закон за енергетика.
Од следната година исклучените домаќинства од централното греење во Скопје нема да плаќаат паушал, барем така соопшти Владата.
„Имено во подзаконските акти на Законот за енергетика кој ќе се воведе во текот на 2018-та година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација.“ - соопштија од Владата.
Пред да биде објавена одлуката на Владата, градоначаникот на град Скопје, Петре Шилегов ја коментираше одлуката на Уставниот суд. Вели дека одлуката се уште не е пристигната, а по неа ќе се постапува откако ќе се изанализираат прекршувањата што ги содржи.
„Одлуката на Уставен суд е одлука на Уставен и кога ќе биде доставена до надлежните министерства во зависност што истата содржи ќе работиме на законско решение согласно уставните норми. Ниту зависи од мојот фејсбук статус нити од недостаток наволја на СДСМ, напротив, ова е одлука на Уставниот суд која не е врзана со мојата активност како потпретседател и градоначалник.“ - вели Шилегов
Околу 12.000 домаќинства исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија секој месец плаќаат паушален износ во зависност од површината на станот.
Тие веќе неколку години протестираат пред Регулаторната комисија за енергетика, а најавија дека покрај пред домашните судови правдата ќе ја бараат и пред судот во Стразбур
