Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните губат верба дека би можеле да имаат европска иднина, вели Димитров

Граѓаните губат верба дека би можеле да имаат европска иднина, вели Димитров

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров вели дека тешко е да се најде земја што има полош, односно подобар пример од Северна Македонија – за тоа што се случува кога ЕУ не ги исполнува своите ветувања.

Изјави дека бугарското вето за нашата земја е и вето на европската политика на Балканот.  Како што кажа Димитров, тоа е вето на македонското и бугарското пријателство. 

„Тогаш европското гласачко ливче не станува атрактивно и граѓаните губат верба дека би можеле да имаат европска иднина“, изјави Димитров.

Регионалната соработка, вели тој, е она што може да се направи во меѓувреме, додека чекаме ваквите прашања да се решат во ЕУ.

„Целта на европската интеграција е мојата татковина да стане посилна, регионот да стане посилен, за да имаме посилни демократии, поправедно општество и на тоа мора да работиме индивидуално. Влоговите стануваат се поголеми, но тие не се само наши и регионални“, изјави Димитров.

Наместо премиерот Зоран Заев кој поднесе оставка, во Белград на состанок за иницијативата „Отворен Балкан“ присуствуваше Димитров. 

Инаку, грчки политичари упатија порака дека Договорот од Преспа мора да се почитува, без разлика на менувањето на власта, инаку тие ќе ја преиспитаат позицијата за интеграциите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека Заев според него е разочаран затоа што Македонија не почна преговори со ЕУ. 

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Слично

Поврзани вести