Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните да внимаваат, по обилните дождови, можни се поплави

Граѓаните да внимаваат, по обилните дождови, можни се поплави

Поради врнежите постои можност од поплави, предупредуваат од Центарот за управување со кризи. 

Граѓаните да бидат внимателни доколку се движат покрај суводолици и реки. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на денешната прес – конференција соопшти дека вчера имале координативен состанок со претставници од АД Водостопанство, Хидрометеоролошкиот завод и на други инститиции и ја разгледале состојбата со одводните канали. Повеќето се исчистени, а мал дел треба да се исчистат. 

„Секундарните канали, добар дел од нив се во добра кондиција и се исчистени, но се работи на нивно понтамошно чистење. Додека локалните канали, кои поминуваат низ населени места, состојбата некаде е многу лоша и не би можеле да ја прифатат надојдената вода доколку дојде до пообилни врнежи“, рече Ангелов.

Тој апелираше и до АД Водостопанство на Република Северна Македонија и до локалните самоуправи да бидат разгледани сите критични точки, да бидат исчистени, доколку е потребно на некои места да се постават насипи или да се обезбеди можност од брзо местење насипи доколку се појави потреба. Ги повика граѓаните да пријават до ЦУК, на бесплатниот телефонски број 195 доколку проценат дека некаде постои опасност од поплави или можност од излевање на речните корита.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека најмногу дожд има наврнато во Крушево, Пожаране и Попова Шапка. Според објавените податоци, на овие три места во изминатите 24 часа наврнале 57 литри на метар квадратен.

За викендот,  но и идната недела повторно ќе имаме дожд. 

Слично

Поврзани вести