Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

Извлечени се седумте лица кои од вчера беа заглавени во Лазарополе. 

Тие денеска во 13:15 часот, беа извлечени и истите се упатени кон своите домови, информираа од Центарот за управување со кризи(ЦУК).

„Со силни напори вработените од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од вчера работеа за отворање на патот со тешка механизација со два багери (снегофрлачи) и камион, а двајца вработени на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се здобиле со повреди“, информираа од ЦУК.

Тие апелираат до сите граѓани да не патуваат во тој дел бидејќи ситуацијата е критична и денеска уште врне обилен снег. Снежно невреме ја зафати Македонија и регионот. 

Слично

Поврзани вести