Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните да не кликнуваат на сомнителни линкови, измамници го злоупотребуваат „Безбеден град“

Граѓаните да не кликнуваат на сомнителни линкови, измамници го злоупотребуваат „Безбеден град“

Измамници го злоупотребуваат проектот „Безбеден град“, а граѓаните добивале лажни пораки.

Министерството за внатрешни работи(МВР) ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.

Дополнителен сомнеж кај дел од оштетените предизвикал фактот што воопшто немаат возило регистрирано на свое име.

Во лажните СМС-известувања не е наведен бројот на регистерската табличка, што е задолжителен податок во сите официјални пораки кои ги испраќа Министерството за внатрешни работи.

Дополнително, измамата може да се препознае и по името на испраќачот. Во официјалните СМС-пораки испратени преку системот „Safe City“, како испраќач секогаш стои ознаката „MVR-SC“, додека кај лажните пораки се користат непознати или сомнителни имиња.

Од МВР ги повикуваат граѓаните да не кликнуваат на сомнителни линкови, да не внесуваат лични податоци или податоци од платежни картички и секој ваков обид за измама да го пријават во полиција.

Слично

Поврзани вести