Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНИТЕ ДА КОРИСТАТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ, ПОВЕЌЕ ЛИЦА ДА СЕ ВОЗАТ ВО ЕДНО ВОЗИЛО: Кавадарци презема мерки против загадениот воздух

ГРАЃАНИТЕ ДА КОРИСТАТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ, ПОВЕЌЕ ЛИЦА ДА СЕ ВОЗАТ ВО ЕДНО ВОЗИЛО: Кавадарци презема мерки против загадениот воздух

Oпштина Кавадарци презема мерки поради загадениот воздух. 

Повикаат граѓаните да користат јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користат за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва. 

„Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот“, додадоа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

Повеќето македонски градови и оваа сезона се загадени. Скопје често е во 10-те најзагадени градови на светот. 

Слично

Поврзани вести