Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНИТЕ ЧЕКААТ: Обрасци за пасоши нема

ГРАЃАНИТЕ ЧЕКААТ: Обрасци за пасоши нема

Пред една недела беше најавено дека првата пратка на обрасци за пасоши ќе пристигне денеска од Германија, но тоа не се случи. Засега останати се само 1.700 обрасци.

Од МВР велат дека се во постојана комуникација со германската компанија Веридос и  се прават напори пратката од 100.000 патни обрасци да пристигне во најбрз можен рок.

За кризата за пасоши екс министерот за внатрешни и сегашен премиер, Оливер Спасовски и актуелниот министер за внатрешни, Наќе Чулев си ја префрлаа одговорноста. 

Кон крајот на февруари, беше објавено дека пасош добиле само 17 отсто од тие кои побарале во итна постапка.

Слично

Поврзани вести